Информации

Вовед

Доколку се погледне конкретно на пазарот со германско јазично подрачје, очигледно е дека некои производи или услуги од Македонија честопати не се застапени и достапни. Но, ние, од Хамозо, сме убедени дека има голем деловен и пазарен потенцијал за различни производи и/или услуги од Македонија.

Затоа, ние сакаме да ве поддржиме да ги пласирате вашите македонски производи или услуги на германскиот, австрискиот и/или швајцарскиот пазар (вклучувајќи го и Лихтенштајн). Ние не можеме да ви гарантираме 100% успешно пронаоѓање на пазари, но можеме да ве увериме дека ние со голема страст и напорно работиме за да ги направиме можни работите и да добиете пристап до пазарот за вашата деловна активност.

За нашата работа и услуги

Генерално, ние сме трговска агенција која се занимава со пазарот со германско јазично подрачје и ова во интеракција со земји од централно-источна и југоисточна Европа. Со други зборови, ако работите од Македонија и ако имате производ или услуга што сакате да ја пласирате на германскиот, австрискиот, швајцарскиот и/или Лихтенштајнскиот пазар, тогаш ние сме ваш соодветен партнер и посредник кој може да ве поддржи при обезбедувањето на влез на пазарот со германско јазично подрачје.

Пристапуваме до различни канали за дистрибуција, како што се електронска трговија, продажба на мало и големо, социјални медиуми итн., со цел да  достигнеме до клиентите и купувачите за вашиот производ или услуга. Како поврзана услуга, можеме да  обезбедиме пристап до нашата интернет-страница (платформа за е-продавница). Всушност, овој интернет-пазар е едноставно место за брз пристап до нови клиенти и особено од германското јазично подрачје. Други поврзани услуги што ги нудиме, можат да се фокусираат на воспоставување на социјални медиуми на германски јазик, подобрување на односите со јавноста, собирање на потребните информации итн.

Цени

За нашата главна услуга која се фокусира на обезбедување влез на пазарот за производи и услуги, работиме врз основа на успех. Ова значи дека ние само почнуваме да ви наплаќаме откако можеме успешно да го пласираме вашиот производ / услуга на пазарот или да договориме соработка  помеѓу вас и клиент(компанија). За некои други поврзани услуги кои ги нудиме, постојат специфични трошоци, но тие зависат од вашето посебно барање.

Како резултат на тоа, не само, но особено сме погодни за компании кои само што започнуваат, мали и средни компании со помал буџет. Ве молиме, контактирајте не’ за дополнителни информации.

Дополнителни информации

На нашата веб-страница овде, можете да најдете уште неколку информации, но овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не. Најдобар начин да не добиете е преку е-пошта, контакт форма или телефон (можен е бесплатен повик преку Whatsapp или Viber). Доколку преферирате Skype или Zoom, само известете не.

Ако сакате да не контактирате на вашиот мајчин јазик, тогаш ве молиме, користете го формуларот за контакт подолу или напишете ни е-пошта. Личност што зборува македонски јазик, ќе ве контактира што е можно поскоро. Затоа, не двоумете се да разговарате со нас и дозволете ни да соработуваме за да го најдеме најдобриот начин за вашиот производ/услуга пристапи до пазарот со германско јазично подрачје!

Контакт

Jавете ни се

+41 (0) 79 457 18 10

E-пошта

info@hamoso.com

Jавете ни се

+41 (0) 79 457 18 10

контакт форма

Испрати

Cоцијални медиуми

InstagramPinterest