Информации
Затоа, ние сакаме да ве поддржиме да ги пласирате вашите македонски производи или услуги на германскиот, австрискиот и/или швајцарскиот пазар (вклучувајќи го и Лихтенштајн). Ние не можеме да ви гарантираме 100% успешно пронаоѓање на пазари, но можеме да ве увериме дека ние со голема страст и напорно работиме за да ги направиме можни работите и да добиете пристап до пазарот за вашата деловна активност.
Пристапуваме до различни канали за дистрибуција, како што се електронска трговија, продажба на мало и големо, социјални медиуми итн., со цел да достигнеме до клиентите и купувачите за вашиот производ или услуга. Како поврзана услуга, можеме да обезбедиме пристап до нашата интернет-страница (платформа за е-продавница). Всушност, овој интернет-пазар е едноставно место за брз пристап до нови клиенти и особено од германското јазично подрачје. Други поврзани услуги што ги нудиме, можат да се фокусираат на воспоставување на социјални медиуми на германски јазик, подобрување на односите со јавноста, собирање на потребните информации итн.
Како резултат на тоа, не само, но особено сме погодни за компании кои само што започнуваат, мали и средни компании со помал буџет. Ве молиме, контактирајте не’ за дополнителни информации.
Ако сакате да не контактирате на вашиот мајчин јазик, тогаш ве молиме, користете го формуларот за контакт подолу или напишете ни е-пошта. Личност што зборува македонски јазик, ќе ве контактира што е можно поскоро. Затоа, не двоумете се да разговарате со нас и дозволете ни да соработуваме за да го најдеме најдобриот начин за вашиот производ/услуга пристапи до пазарот со германско јазично подрачје!
Контакт
Jавете ни се
E-пошта
Jавете ни се